Алекса Тераза, 23-годишен Мексиканка од Сан Педро, секое утро со години вежбала јога на балконот. За жал, во саботата, таа решила да изведе една од позите на оградата од балкон. Таа се лизнала и паднала од шестиот кат, односно висина од дури 25 метри, пренесува австралискиот „Њуз“.
Младата студентка со некои чудо преживеала, а потоа речиси 12 часа поминала на операционата маса додека лекарите ѝ ги реконструирале колената и глуждовите.
Таа скршила 110 коски во телото, а доколку преживее, експертите велат дека постои можност таа да не биде во можност проговори ниту збор за наредните три години.
Инаку, Мексиканката од терасата паднала само неколку секунди откако нејзината пријателка ја снимила фотографијата на која ја изведува опасната поза.
FOTO: Jutjub/Printskrin