После премиерата на документарниот филм „Look Mom I Can Fly“, раперот Травис Скот со својата вереничка со лимузина тргнале на забава по повод документарецот.
Таа ги почестила обожавателите на Инстаграм со видеоснимки од автомобилот. Покрај вообичаените бакнежи и нежности, обожавателите забележале еден интересен детаљ.
Во видеото снимено во лимузината со која заминуваат на забава, фановите забелажаа како Тревис на својата свршеница и испушта чад од марихуана во устата. Во Калифорнија, каде што е снимено видеото, тоа е дозволено уште од 2016 година, каде марихуаната е легализирана во медицински и рекреативни цели.
Пред „зачаденото“ видео, 28-годишниот рапер и 22-годишната старлета биле на премиерата на документарниот филм, а со нив била и нивната ќеркичка Сторми.