Заев им вети повисок стандард на судските полицајци

Владата, која јас ја предводам, има волја и прави напори да ги обезбеди и сочува работничките вредности на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување, рекол премиерот

346

Претставниците на судската полиција и премиерот Зоран Заев се согласија дека е потребно да се обезбеди повисок стандард и подобар социјален статус за полицијата која ги обезбедува судовите во Република Македонија, соопшти Владата по средбата на премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со претставници на судската полиција.

Владата, која јас ја предводам, има волја и прави напори да ги обезбеди и сочува работничките вредности на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување – рекол премиерот, Заев изразувајќи уверување дека преку институциите ќе се заложи за подобар стандард и надминување на актуелните проблеми на претставниците на судската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...