Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер е избран за бр.1 на наградите „The Best“ на УЕФА.
Наградата му беше доделена за време на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.
– Мој сон од дете беше да ја освојам Лигата на шампионите. Мислам дека ова е најголемата награда за секој фудбалер. Кога сте од Бразил, сакате да играте во Европа и да освојувате. Досега работите се одвиваат добро, но оваа награда е исто така благодарение на моите соиграчи, прокоментира Алисон при добивањето на наградата