Инаку, може да се јаде целата смоква: од надворешната лушпа, до слаткиот, внатрешен дел со ситни семки. Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Тие се вистинска витаминско-минерална бомба и одличен вкус. Брзо се вари на празен желудник, пред оброк или како меѓуоброк и има противтуморско дејство.
А одговорот на прашањето кои смокви се најдобри за користење е дека свежите смокви се богати со посебни ензими и антиоксиданти, содржат значајни количини минерали како што се калциум, калиум, магнезиум, анган, железо и бакар. Меѓу витамините се истакнуваат витамин А, Ц, Е и К. Затоа искористете го периодов и уживајте во свежите плодови колку што можете почесто. Со термичка обработка се намалува количината на нутритивните состојки.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey