Во Велес на улицата „Ангел Мишев“ вчера околу 11,.50 часот патничко возило „опел корса“, управувано од Е.Б.(49) од селото Мелница, општина Чашка, удрило во полициска службеничка од СВР Велес при извршување работни задачи од областа на сообраќајот.
Повредената е пренесена во Општата болница Велес, каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се превземаат мерки за расчистување на случајот.