Нова кривична за поранешниот градоначалник на Прилеп, за наместен тендер од 1,2 милиони евра

Градоначалникот создал услови „Пела транс“ да биде единствен понудувач и избрана фирма за најповолен понудувач, иако фирмата не била квалификувана за тендерот.

711

Поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, поранешниот граданочалник на Прилеп, Марјан Ристески, заработи нова кривична пријава. Осомничен е дека наместил тендер за зимско одржување на улици и патишта во вредност од околу 1,2 милиони евра.

Полицијата соопшти дека освен против Ристески, поднела пријави и за пет други лица, поради постоење основано сомнение за истото кривично дело,

Ќе одговара и правното лице „Пела транс“ ДООЕЛ, од село Мажучиште, прилепско, за кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“.

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески доби кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ бидејќи наместил тендер за зимско одржување на улици и патишта во вредност од 77.031.890 денари (околу 1,2 милиони евра), информира МВР.

МВР тврди дека Ристески, во својство на градоначалник на општина Прилеп, на пријавеното правно лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општината. Градоначалникот создал услови „Пела транс“ да биде единствен понудувач и избрана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општината Прилеп.

Пријавената фирма не можела да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...