Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, добила една необична идеја. Таа решиле да го употреби претходно замрзнатото мајчино млеко за изработка на нови сапуни и козметика.
Јелена на Инстаграм објавила фотографија на која напишала како се одлучила да го направи ова по повеќемесечно отсуство од дома…
„Се вратив дома откако патував неколку месеци и ги најдов овие замрзнати пакувања млеко. Кога само ќе се сетам колку се измачив, не можам да верувам дека не сум ги искористила сите. Сега сите ме велат дека тоа се расипало и дека би требало да го фрлам, но едноставно не можам. Меѓутоа, сега добив идеја да го искористам за купку, сапуни или козметика“, напишала Јелена на фотографијата.
За тоа пишува и британски „Сан“, кој ја пренел нејзината објава на Инстаграм.
FOTO: Instagram/Printskrin