Дујовски ќе ја предводи работната група за ветинг во МВР

207

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на првиот состанок на работната група за ветинг во МВР ги појасни причините од кои произлезе потребата за овој процес, очекувањата тој да биде инклузивен, транспарентен и објективен, како и роковите за извршување.

Со цел да се обезбеди транспарентност и максимална инклузивност на сите субјекти кои можат да дадат придонес во дефинирање на процесот, Работната група ги  вклучува вработените во МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставниците на меѓународни организации (Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на САД во Скопје), невладиниот сектор и академската јавност. Работата на групата ја предводи и со неа претседава професорот д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

На состанокот се утврдија насоките за понатамошните активности, со цел воспоставување на соодветна рамка за текот на процесот ветинг на вработените во Министерството за внатрешни работи, која ќе ги опфати сите потребни елементи и принципи за ефикасно спроведување на процесот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...