По бојлерот, кадата и вреќата со плочки, нуркачот Никола Паскали сега во Охридско езеро најде и правосмукалка и перална.
„Делови од правосмукалка и перална (смукувач и бубањ) лоцирани кај крајбрежјето во близина на Мостот на желбите, длабочина од 3 метри“, напиша нуркачот од друштвото „Акватек“.
Тој најавува дека ќе продолжи со лоцирање и фотографирање на секаков вид отпад по што ќе следи и негова дислокација.
„Да го заштитиме Охридското Езеро од својот најголем непријател – човекот“, повика друштвото „Акватек“.
Фото: Акватек