Тинејџер од САД си го убил таткото, а потоа пукал и во помалиот брат. На овој немил настан му претходела расправија поради чистење на спалната соба на убиецот, пренесува „Сан“.
Шеснаесетгодишниот Џефри Дејл Ванка наводно го убил 43-годишниот Чед, а потоа пукал и во 12-годишниот Хантер.
Полицијата пристигнала во нивниот дом во Албама по повик за пукотници.
Чед бил однесен во болница, но бил прогласен за мртов веднаш потоа.
Според Линда и Рик МекНамара, бабата и дедото на убиецот, малиот Хантер е сега во детската болница и „може да зборува“.
Според нив, таткото се обидел да го научи синот да биде одговорен човек со тоа што ќе ја исчисти собата.
– Се работи за типичен тинејџер што не сака да изврши некоја работа за да помогне – кажале тие.
Линда кажала дека се уште го сака Џефри и покрај тоа што го убил нејзиниот син.
– Сакам да зборувам со него. Си ги сакам внуците. Ги сакам и двајцата. Чед беше добар татко и ги сакаше синовите. Ќе им недостига и на семејството, но и на пријателите. Се надевам дека ќе го видиме. Навистина морам да зборувам со мојот внук и да му кажам дека ние сме тука за него – додала таа.
Но, на Линда не и било дозволено да зборува со Џефри.
ФОТО: Сан / Фејсбук