Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја отвори и ја прекина комисиската расправа за законот Јавното обвинителство, за како што рече им даде простор на пратеничките групи и на министерката за правда Рената Дескоска-Тренеска да ги усогласат ставовите за поднесените вкупно 40 амандмани.
Шеснаесет амандамни се поднесени од СДСМ, 10 од ДУИ, 20-тина од ВМРО ДПМНЕ и други.
Комисијата може да расправа најмногу два работни дена, и доколку денеска не заврши, ќе продолжи во понеделник, по што се очекува наредната недела законот за обвинителство и совет на обвинители да се најде на пленарна седница.