Хамане Нијанг нов претседател на ФИБА

39

Хамане Нјанг од Мали е избран за претседател на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), објавено е денес на веб-страницата на организацијата. Изборите на новиот претседател на ФИБА се одржаа во пекинг за време на конгресот на организацијата.

– Благодарам на сите национални федерации за нивната доверба. Ветувам дека целосно ќе се посветам на ФИБА и ќе им служам на интересите на нашиот омилен спорт на секаде низ светот – изјави Нијанг.

Тој претходно беше заменик претседател на ФИБА и претседател на ФИБА Африка.

Покрај тоа, Нијанг беше и прв човек на Кошаркарската федерација на Мали и беше министер за спорт на оваа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...