Шкупи убедлив против Кардиф на стартот на претквалификации за футсал ЛШ

44

Македонскиот футсал првак Шкупи синоќа во СРЦ „Кале“ го победи Кардиф со убедливи 5:0. Ова беше дуел од 1.коло во претквалификациите за Лигата на шампионите.

Стрелци на головите беа Чека (два), Агуши, Глигоров и Димовски.

На другиот натпревар од Б-групата која се игра во Скопје, Даугавпилс го победи Енкамп со 7:3.

Во второто коло Шкупи вечер од 20 часот игра со Енкамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...