Oтворен 76. Филмски фестивал во Венеција – холивудски гламур и уметничко биенале ВИДЕО

Еден од најгламурозните и најпрестижните празници на „подвижните слики“ во светот, Филмскиот фестивал во Венеција, свечено беше отворен синоќа со семејната драма „Вистина“ на режисерот Хироказу Коре-еда.

520

Почна 76. издание на најстариот филмски фестивал на светот во Венеција. За глвната награда „Златен лав“, конкурираат 21 остварување.

Еден од најгламурозните и најпрестижните празници на „подвижните слики“ во светот, Филмскиот фестивал во Венеција, свечено беше отворен синоќа со семејната драма „Вистина“ на режисерот Хироказу Коре-еда. Тоа е и прв филм кој славниот јапонски режисер го снимил надвор од својата земја, а главните улоги ги толкуваат Катрин Денев, Жилиет Бинош (кои играат мајка и ќерка) и Итан Хоук.

На прашањето дали Венецијанската мостра како дел од Биеналето кое во 1932 година го востанови гроф Џузепе Волпи, стана пожелно место за холивудските премиери, каде воедно почнува и сезоната на филмските награди, одговор нуди овогодинашниот фестивал.
И покрај критиките дека најстариот филмски фестивал не би требало да се претвори во платформа за насловите од „мултиплекс“ киносалите, Венеција дефинитивно е назначена како оскаровски претпремиерен штанд.

Да тргнеме од предпродолжението на Бетмен сагата – филмот „Џокер“ со Хоакин Феникс или научно-фантастичната драма „Ад астра“ со Бред Пит до дури две остварувања на платформата „Нетфликс“ – драмата „Брачна приказна“ со Скарлет Јоханскон и политичкиот трилер „Перална“ со Мерил Стрип. Сите, малку изненадувачки, се во конкуренцијата за „Златен лав“.

 

 

FOTO: Skrinsot/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...