ВМРО-ДПМНЕ: Русковска да го повика Заев да даде исказ за „Рекет“

90

Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, иако е посочен во досега собраните искази, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема.

Вилма Русковска наместо да ја развлекува истрагата и да ги брани политичарите од врвот на власта, треба да го повика Зоран Заев да даде исказ и да истражи зошто тој му кажал на Зоки Кичеец дека се пријавени и против нив се води истрага?

Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара. Зоран Заев треба да одговори и како инстиуциите на системот повеќе од половина година не знаеле за милионскиот рекет кој се случува или можеби знаеле но по нечиј налог молчеле?

Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот Рекет, што ќе значи и откривање на политичките помагатели се ќе биде само една огромна фарса.

Со Зоран Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинса разврска на случајот Рекет. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...