Само 27 отсто Британци со поддршка за Џонсон за прекин на работата на Парламентот

414

Само 27 отсто Британци го поддржуваат едномесечниот прекин на работа на Парламентот прогласен од британскиот премиер Борис Џонсон. Четириесет и седум отсто Британци се против тоа Парламентот да ја прекине работата. Тоа се наведува во анкета на ЈуГов направена за Тајмс.

Во анкетата се додава дека 51 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ го одобруваат потегот на Џонсон, додека само девет отсто тој потег има поддршка кај оние кои се против излегување од ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...