Постапката за разрешување на Јанева се очекува утре да ја почне Советот на јавни обвинители

343

Расположението во Советот на јавни обвинители оди кон тоа тие да не бираат вршител на должнист во СЈО туку евентуално да поведат постапка за разрешување на Јанева и топката да се префрли во Собранието, кое го формираше СЈО, пренесе телевизија Телма. 

Размислувањата на мнозинството од членовите биле во насока на тоа дека  законот за СЈО не му дава можност на Советот да назначува вршител на должност. Ваков став досега јавно обелодени претседателот на Советот, Коле Штерјев.

За разлика од него, државниот обвинител Јовески, кој е член на советот по функција веќе се изјасни дека советот има надлежност да назначи в. д шеф на СЈО, повикувајќи се на одредбите од законот за јавно обвинителство, но тој не присуствуваше на вчерашната седница, а неизвесно е неговото присуство и утре.

Утре на членовите на советот им останува да гласаат дали да започне постапка за разрешување на специјалниот обивнител. Доколку сметаат дека Јанева незаконито, нестручно и несовесно ја вршела функцијата, согласно чл 18 од законот за СЈО,  Советот треба да достави извештај за разрешување до Собранието. Овој извештај прво поминува на комисија за избори и именувања, а во согласност со четирите најголеми партии, Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител со двотретинско мнозинство кој се испрака назад во Советот на јавни обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...