Младите до 30 години можат да волонтираат во земјите на ЕУ од два до 12 месеци

Tрошоците за сместување,храна, здравствено осигурување, патни трошоци и трошоци за виза се покриени со грант на “Европскиот корпус  на солидарност”.

205
Со вчерашната ратификација на Спогодбата за учество на нашата држава во “Европскиот корпус на солидарност”, младите луѓе од нашата држава ќе можат да аплицираат за проекти во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, објави на својот ФБ статус Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи.
Младите лица, на возраст од 18-30 години, имаат можност да заминат во државите членки на ЕУ на волонтерски активности, во времетраење од  2-12 месеци. Сакам да напоменам, што е мошне битно, дека трошоците за сместување,храна, здравствено осигурување, патни трошоци и трошоци за виза се покриени со грант на “Европскиот корпус  на солидарност”.
Дополнително, секој волонтер на месечно ниво ќе добива џепарлак во висина која е определена од страна на Европската комисија, за секоја држава поединечно (во зависност од тоа во која држава волонтерот ќе ги реализира активностите).
Доколку се работи за лице со посебни потреби, се доделуваат дополнителни средства за покривање на трошоците за лицето кое ќе го придружува.
Токму за ваквите придобивки ни беше неопходна интеграцијата во Европската унија. Чекориме одлучно кон ваквите вредности, бидејќи бенефитот е инвестиција во иднината на младите генерации.
Девојки и момци, повелете!, се вели во ФБ статусот на Жерновски.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...