Кирјос може да отпадне од УС Опен поради обвиненијата за корупција во АТП

283
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Австралискиот тенисер Ник Кирјос може да биде дисквалификуван од Грен слемот во Њујорк, пренесува „Западна Австралија“. Причината е неговата критика кон АПР.

После победата над Стив Џонсон во првото коло, Кирјос беше запрашан што мисли за парична казна од 113 илјади долари што му беше изречена за неговото однесување на турнирот во Синсинати.

  • Во секој случај, АТП е доста корумпирана. Апсолутно не ми пречи.  Зошто зборуваме за тоа што се случи пред три недели кога само што го нокаутирав противникот во првото коло на УС Опен? – рече австралискиот тенисер.

Весникот објави дека АТП веќе ја разгледува можноста да го дисквалификува Кирјос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...