Кукан: Наесен Северна Македонија може да добие датум за преговори, за Албанија засега е нереално

Во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Кукан појасни дека Северна Македонија со години ги исполнува критериумите за членство во ЕУ, но Унијата го одложуваше отворањето на преговорите, што за него претставува „апсолутно срамно и демотивирачки“.

686

Северна Македонија може да добие датум за преговори за членство во Европската Унија на есен, додека ова сценарио е помалку реалистично за Албанија, изјави поранешниот европратеник Едуард Кукан, кој претседаваше со Работната група за Западен Балкан за време на неговиот мандат.

Во интервју за Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА), Кукан појасни дека Северна Македонија со години ги исполнува критериумите за членство во ЕУ, но Унијата го одложуваше отворањето на преговорите, што за него претставува „апсолутно срамно и демотивирачки“.

– На Северна Македонија може да и се додели конкретен датум на Европскиот Самит на есен, што јас го сметам за реално, вели Кукан, додавајќи дека додека францускиот претседател Емануел Макрон имаше многу категоричен став за ова прашање, се чини дека веќе почнал да попушта.

Од друга страна, посочувајќи дека Тирана чека ист таков чекор, Кукан верува дека ситуацијата во Албанија е сосема поинаква.

– Тие треба да имплементираат големи судски реформи, опозицијата го бојкотира Парламентот, и над се, Албанците не можат да најдат компромиси, истакна поранешниот европратеник Кукан.

Според него, нереално е засега Албанија да добие датум за преговори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...