Градската управа на главниот град на Катар, заедно со јапонска компанија, почнала да реализира експериментален проект за боење улици во сина боја во центарот на Доха. Овој пилот проект е во рамки на борбата против екстремните горештини.
„Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската темепература, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина, вели градскиот инженер на Доха, Саад Ел Досери, пренесува катарска „Раја“.
Според неговите зборови боењето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Во моментов патиштата се обоени само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на дрвја може да порасне и до 50 степени Целзиусови.
FOTO: Tviter/Printskrin