Ова е тајната на вечната младост на Путин! ФОТО

Според шпанскиот весник „Ел мундо“, „најактивниот претседател кој Кремљ некогаш го имал“ е страсен љубител на хокеј, носител на црн појас во џудо, вљубеник е во пливање и планинарење.

2052

Рускиот лидер Владимир Путин, иако има 66 години, „не само што не личи на дедо“, туку изгледа и подобро отколку пред десет години, оценува авторот на статијата.

Според шпанскиот весник „Ел мундо“, „најактивниот претседател кој Кремљ некогаш го имал“ е страсен љубител на хокеј, носител на црн појас во џудо, вљубеник е во пливање и планинарење. Пред неколку години, американските медиуми го нарекоа „алфа мажјак“.

Покрај тоа, според пишувањето на Викиликс, американските дипломати го нарекувале „Бетмен“ во нивните преписки.Весникот пишува дека рускиот претседател ги сакал борбените вештини уште од детството, што го заштитило од лошо друштво, пушење и консумирање алкохол, пренесува „Спутник“.

Поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, го опишувала како работохолик, но Путин, сепак, не сака да станува рано наутро. Претседателот на Русија веднаш откако ќе стане, испраќа неколку итни пораки, по што оди во теретана и во базените – во едниот температура е плус 43 степени Целзиусови, а во другиот плус 13.

Рускиот лидер сака да јаде сирење и пржени јајца за појадок, како и јајца од препелици и сокови. Освен тоа, сака ориз и пченица.

Меѓутоа, важна улога во имиџот на Путин игра и неговиот стил на облекување. Претседателот ги претпочита италијанските брендови на костуми.

Шпанскиот весник заклучува дека во овој момент тајната на вечната младост на рускиот претседател е тоа што спие долго, не консумира алкохол, правилно се храни и одвреме навреме „плива“ во ледена вода.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...