Вчера во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Излетал со „голф“ од патот Македонски Брод – Самоков и починал при транспортот
loading...