Надал закажа свадба на Мајорка, ги викна Федерер и Роналдо, не и Ѓоковиќ

Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓу кои и Роџер Федерер, Кристијано Роналдо и Енрике Иглесијас.

2841

18-кратниот освојувач на Грен слем титули, Рафаел Надал, на својата свадба покани еден куп sвезди, меѓу кои и неговиот долгогодишен ривал Роџер Федерер, петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и латино-ѕвездата Енрике Иглесијас.

По Федерер и Ѓоковиќ, третиот од „големата тениска тројка“, Шпанецот Рафел Надал ќе стапне на „лудиот камен“. Датумот на свадбата е 19 октомври.

Првите информации за свадбата се појавија во шпанските медиуми, а главната пикантерија е дека свадбата ќе биде на луксузна локација од 20.000 метри квадратни, вредна околу 120 милиони евра.

Втората не помалку важва вест која ја открија медиумите е дека меѓу поканетите се наоѓа големиот ривал, Рожер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ не доби покана.

Местото кое на 19 октомври ќе биде во центарот на тениските случувања се наоѓа во Мајорка, родното место на Рафаел Надал. Имотот „Форталеза“ на наоѓа во заливот Поленса и се смета за еден од најскапите имоти во Шпанија.

Се очекува дека на свадбената церемонија да присуствуваат околу 500 гости, меѓу кои По Гасол, Жулен Лопетеги, Карлос Моја, Енрике Иглесијас, Кристијано Роналдо.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...