Скопјанец удрил во дрво кај клучка „Дијамант“, сопатникот починал на лице место

944
Фото: МВР

Нокеска во 03,48 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (22) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво. Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот. Возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен е увид од СВР Скопје.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...