Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
– Владата призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90 отсто од планот за реформи 3 – 6 – 9. СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42 отсто. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата. ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека Извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта.