Фудбалерот на Арсенал Мохамед Елнени добил покана од Турција и по се изгледа, следната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај.
Египчанецот се одлучи на ваков потег откако претходно тренерот на топџиите Унаи Емери потврди дека нема да смета на Елнени оваа сезона.
Според медиумите во Турција, Елнени постигнал договор со Галатасарај и наскоро ќе му се приклучи на неговиот нов тим. Таткото на 27-годишниот играч потврди дека неговиот син бара соодветна понуда да го напушти Арсенал во наредниот период.
Галата му понуди 50 проценти помалку од она што го заработи во Арсенал, или 50 илјади неделно, но тоа не би претставувало проблем за него. Покрај Галата, интерес за Елнени покажа и францускиот Бордо.