Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска до 24 април ќе се изведуваат градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот „Партизански одреди“ и тоа од улицата „Франклин Рузвелт“ до раскрсницата со булевар „8-ми Септември“. Поради тоа, на тој дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.