Арсовски: Истрагата за „Рекет“ е компромитирана, никој веќе не им верува на Русковска и Јовевски ВИДЕО

248

Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се се помали. Истрагата е целосно компромитирана, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. После денешната изјава е јасно дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско – обвинителскиот рекет. Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија. Срамно и просто неверојатно за никого. Едно е јасно. Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне, истакна тој.

Арсовски смета дека јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Русковска и Јовевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...