Скопјанец изел ќотек во расправија за паркирање и фрлање ѓубре

429
Фото: МВР

Околу 19.15 часот вчера во СВР Скопје, Б.З.(37) пријавил дека на ул. Банатска бил физички нападнат од повеќе соседи по расправија околу паркирање на возила и фрлање смет.

Според пријавеното, нападнати биле и К.Ѓ (32) и С.Ѓ. (56), кои се обиделе да го спречат нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...