ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени во велешкиот пожар

57

Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот почеток на пожарот кој вчера ја зафати околината на езерото Младост активно учествуваа во гаснењето. Од пожарот во кој изгореа 500 хектари шума, од кои 200 хектари црноборова, беа зафатени и три средно напонски далекуводи на ЕВН: 10 кВ далекувод Езеро, 10 кВ Црн Врв – стар и 35 кВ Црн Врв – нов. Екипите заедно со против пожарните служби успеаја да спасат дел од дистрибутивната мрежа.

Далекуводот „Црн Врв – нов“ најбрзо беше саниран и веднаш пуштен под напон. Другите два далекувода поради обемот на штетата и поради сугестиите на Центарот за справување со кризи беа без напон подолго време. Далекуводот Езеро е 50% уништен од пожарот, а далекуводот Црн Врв – стар има штета од 30%.

„Во текот на денешниот ден активно се работи на санирање на штетите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода. Екипите на Електродистрибуција ќе останат на терен сѐ додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија“, соопшти ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...