Макрон смета оти Европа треба да ги преиспита врските со Русија

Тој кажа дека е време Европа повторно да ги дефинира своите врски со Русија, да ги провери нејзините глобални амбиции и да избегне да биде фатена во средината меѓу двете страни во новата Студена војна.

295
Photo: EPA / MICHEL EULER

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за нов економски поредок, укажувајќи на кризата без преседан во пазарната економија.

Во говорот на годишната конференција на дипломатскиот совет во Елисејската палата Макрон кажа дека Европа треба да ги преиспита своите врски со Русија.

Во екот на неизвесноста околу американската трговска политика Макрон кажа дека пазарната економија е премногу зависна од финансиите, дека создава нееднаквост што потоа го потресуваат политичкиот поредок.

– Ние живееме на крајот на западната хегемонија во светот, делумно како резултат на западните грешки во текот на минатите векови – рече францускиот претседател.

Тој кажа дека е време Европа повторно да ги дефинира своите врски со Русија, да ги провери нејзините глобални амбиции и да избегне да биде фатена во средината меѓу двете страни во новата Студена војна.

Макрон кажа и дека не сака ЕУ да ги укине санциите воведени заради руското припојување на Крим, но кажа дека новите санкции не се во интерес на Унијата.

– Време е да ги преиспитаме нашите врски со Русија – рече Макрон, но не даде повеќе детали за идејата.

Во својот дипломатски говор денеска Макрон предупреди дека е голема стратешка грешка да се делува така што Русија  се повеќе ќе се оттурнува од Европа.

– Европските слабости и грешки помогнаа Русија да се поттикне на сојуз со Кина и да го заживее своето влијание во Сирија, Либија и околу Африка – рече тој.

Photo: EPA / MICHEL EULER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...