Се очекуваат платежни картички со отпечаток од прст

492
бесплата фото пикселс

Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст.

Со платежните картички на новата генерација треба да се подигнат на повисоко ниво  ефикасноста за плаќање и безбедноста, наведува британскиот Би-Би-Си Клик.

Овие картички не се разликуваат од стандардните, ниту бараат каков било вид на напојување, бидејќи неопходната енергија ја добиваат од електронскиот апарат за наплата, на кој се допираат.

Потребно е претходно картичката да го сними отпечатокот од прст од различни агли. На тој начин никој не може да ја употреби, ниту да ја фалсификува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...