Годинава „Градски паркинг“ се збогатил за над 10 милиони денари повеќе од лани

Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Градски паркинг“ има остварено приходи во износ од 113.840.141,00 денари, што е зголемување за повеќе од 10 милиони денари во однос на истиот период лани. Ова резултира со остварување на позитивен финансиски резултат и добивка од 21.810.485 денари, што е зголемување на добивката за околу 9% во однос на истиот период лани, се наведува во соопштението.

178
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Советот на Град Скопје на денешната 38-ма седница ќе расправа за поголем број
извештаи за работата на Градот Скопје и на јавните претпријатија за првите шест
месеци од 2019 година, кои покажуваат добра финансиска кондиција на градот и на
претпријатијата, се вели во соопштението од Градот.

– Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за периодот јануари – јуни 2019 година укажува дека вкупните приходи се остварени во износ од 2,3 милијарди денари, што претставува остварување од 35% во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат својата позитивна динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата 2018 година, бележат зголемување од 2,5%. Во структурата на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: даночните приходи 47%, приходите од трансфери и донации 38,4%, капиталните приходи 5% и неданочните приходи со 9,7% – се вели во соопштението.

Оттаму наведуваат дека „вкупните расходи во Буџетот на Град Скопје за период јануари – јуни 2019 година се извршени во износ од 2,1 милијарда денари, односно 33% во однос на планираните расходи за 2019 година“.

– Споредено со извршувањето на расходите за истиот период од минатата 2018 година, извршените расходи за првото полугодие од 2019 година бележат зголемување од 13,9% и истото е во согласност со предвидената динамика на реализација на проектите за 2019 година. Советот на денешната седница ќе ги разгледува и полугодишните извештаи за работата на јавните градски претпријатија. Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ има собрано и транспортирано 72.495 тони комунален отпад или просечно 401 тон дневно. ЈП „Комунална хигиена“ во првата половина на 2019 година оствари вкупни приходи во износ од 605.824.837,00 денари и во однос на остварените приходи во истиот период во 2018 година во износ од 587.281.376,00 денари бележи зголемување за 3,16%. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Комунална хигиена“ оствари позитивен финансиски резултат во износ од 15.715.919,00 денари, што е резултат на добивката пред оданочување во износ од 22.558.439,00 денари и пресметаниот данок од добивка во износ од 6.842.520,00 денари – се наведува во соопштението.

Оттаму велат и дека „Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во првите шест месеци од 2019 година асфалтирало вкупна површина од 32.414 квадратни метри, додека машинско чистење на косините на реката Вардар е извршено на површина од 14.206 квадрати. Во првите шест месеци од 2019 година поставени се 263 нови сообраќајни знаци, 593 катадиоптри, а извршено е бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на површина од 10.459 квадратни метри. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Улици и патишта“ оствари позитивен финансиски резултат од 6.648.594,00 милиони денари“.

– Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ подигна и реконструира 28.916 квадратни метри зелени површини, додека во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Паркови и зеленило“ оствари позитивен финансиски резултат од околу 12 милиони денари. Автобусите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во првите шест месеци од 2019 година поминале вкупно 8.848.850 километри, при што се превезени 22.271.180 патници. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈСП „Скопје“ оствари позитивен финансиски резултат од 14,2 милиони денари. Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Градски паркинг“ има остварено приходи во износ од 113.840.141,00 денари, што е зголемување за повеќе од 10 милиони денари во однос на истиот период лани. Ова резултира со остварување на позитивен финансиски резултат и добивка од 21.810.485 денари, што е зголемување на добивката за околу 9% во однос на истиот период лани – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...