Популарната Школа во Градски парк после долго време е обновена. Подготвена за нови дружби и градски забави, објави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Школката доби рефлектори, а беше предвидено да се санира и чисти бетонскиот дел од објектот, да се санираат скалите и подиумот со мермерни плочи од ист вид, како и другите површини.
За овој зафат Град Скопје од својот Буџет имаше одвоено 200.000 денари.