Дејвид Бекам насмеан ја бакнува Викторија на јахтата на Елтон Џон

679

Дејвид Бекам се забавува со сопругата Викторија и со нивните деца на луксузната јахта на сер Елтон Џон во јужна Франција, пренесе „Дејли меил“.

44-годишната фудбалска легенда во друштво на неговата ќерка Харпер и нивните синови нуркаше додека Викторија (45) зборуваше со сопругот на музичарот Дејвид Фурниш.

Дејвид беше во одлично расположение, се смееше и нежно ја бакнуваше Викторија, која носеше бел фустан.

Елтон Џон и неговиот постар син Захари, кои исто така уживаа во водата, беа на јахтата.

Ова не е прв пат семејството Бекам да го поминува својот август одмор на јахта на музичарот. Тие и лани беа видени заедно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...