Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е малку пооптимист оти може да склучи нов договор за Брегзит по средбите со лидерите на ЕУ во последните денови, но призна дека задачата е „тешка“ и оти тој договор би можел да биде постигнат „на самиот крај“ од процесот.
На завршната прес-конференција од својот прв меѓународен самит, Џонсон истакна дека шансите за договор зависат исклучиво од ЕУ и од тоа дали се подготвени да го отстранат „бекстоп“ планот за Северна Ирска од договорот за Брегзит.
– Мислам дека ЕУ обично постигнува договор токму на крајот, тоа го забележав и во своето набљудување на бриселските преговори – нагласи Џонсон, додавајќи дека Брегзит нема да се случи пред 31 октомври , кога е законскиот рок до кој Британија треба да излезе од ЕУ.
Британскиот премиер изјави дека „земјата дотогаш апсолутно колосално, опсежно и фантастично ќе се подготвува за Брегзит без договор“.