Антонио Конте стана третиот тренер во историјата на Интер, кој успеал да го добие првиот натпревар во шампионатот со триумф од четири голови разлика.
Интер синоќа го совлада Лече со 4:0. Ова е прва победа на Интер на официјалните натпревари под водство на новиот тренер. Тимот од Милано со 3 бода е лидер на табелата во Серија А.
Пред Конте, во почетното коло од италијанското фудбалско првенство победи со четири голови разлика на тренерската функција во Интер имаат извојувано Џузепе Меаца и Еленио Ерера.
ФОТО: EPA / WALLACE WOON