Две лица се ранети при пукање во Будва, по што полицијата го блокира градот, пренесуваат тамошните медиуми.
Според информациите на РТЦГ од полицијата, ранетите се надвор од животна опасност.
Порталот Цдм наведува дека немилиот настан се случил во ресторан во Будва и дека непознатата личност која пукала носела силиконска маска.
Истрагата е во тек.