Општина Чаир ги отстапува своите простории на Универзитетот „Мајка Тереза” за образовна дејност, без надомест и на неопределено време.
Како што информира Општина Чаир, Договорот за користење на просториите на општината денеска го потпишаа градоначалникот Висар Ганиу и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” Азиз Положани.
Градоначалникот Ганиу истакна дека со овој акт ја докажуваат нивната подготвеност за максимална помош и поддршка за универзитетите со цел зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем.