Четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалка, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот што денеска избувна над езерото „Младост“.
– Се разговара со лицата и тие ќе бидат предадени на јавен обвинител – информираат за МИА од СВР Велес.
Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, шумскиот пожар е се уште активен. Локализиран е пожарот кај селото Новачани, а во моментов гори покрај патот за езерото.