Потпишни три спогодби со Србија за олеснување на трговските и царинските бариери

153

Владите на Македонија и на Србија денеска во Скопје потпишаа три спогодби со кои се олеснуваат трговските и царинските бариери меѓу двете земји.

Потпишувањето на договорите доаѓа по отворањето на заедничкиот интегриран граничен премин Табановце-Прешево по принципот „One stop shop“ и се во насока на овозможување полесен промет на патници, стоки и услуги.

Спогодбата за заедничко признавање на доверливите услуги кои се користат во двете земји ја потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и потпретседателот на српската Влада и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Министрите за земјоделство Трајан Димковски и Бранислав Надимовиќ, пак, потпишаа спогодба за соработка во фитосанитарната и областа на безбедност на храната и ветеринарството, а директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и заменик директорот на Српската царина Веселин Милоевиќ  спогодба за заемно признавање на издадените одобрувања за овластен економски оператор.

Деловната заедница од двете држави претходно на означувањето на стартот на заедничкото гранично управување оцени дека со заемното признавање на овластен економски оператор значително ќе се олеснат царинските контроли поврзани со безбедноста кои имаат приоритетен третман при царинењето. Размената на стоки меѓу Северна Македонија и Србија во 2017 година изнесувала 850 милиони евра, а лани достигна до 1,054 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...