Пет знаци на лоши бенки: Меланомот е еден од најопасните видови рак!

Секоја личност има бенка на телото. Стручното мислење е дека секоја бенка е опасна, ако доживее механичко оштетување. Меѓутоа, постојат и оние бенки кои се развиваат во меланом. Еве како да ги препознаете.

3082

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови рак, кој се развива мошне брзо. Поради тоа, многу е важно да знаете да ги разликувате опасните бенки што може да се претворат во меланом:

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, односно со неправилна форма и има „искинати“ рабови, тогаш одете на лекар.

Заматен изглед: Границата на бенката е матна и нејасна. Не можете јасно да ги исцртате границите на таа бенка.

Боја: Нормалната бенка има еднаква боја, најчесто кафеава. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темнокафеава, бела или дури да има неколку бои одеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или поинаква боја на кожата.

Димензии: Нормалната бенка не е поголема од половина сантиметар. Меѓутоа, секоја поголема бенка не е меланом. Ако имате голема бенка задолжително одете на лекар, за престанете да се сомневате.

Чувствителност: Ако чувствувате непријатност кога ќе ја допрете бенката, ако ве чеша или боли – тоа може да е знак на меланом.

Што да правите понатаму?

Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенката, задолжително јавете се кај лекар. Немојте не паничете. Откривањето на меланомот во порана рана фаза е сосема излечиво. Статистиките велат дека меланомот во порана фаза е излечив во 98 отсто случаи.

Како да се заштитите од меланомот?

Прво прегледајте го своето тело и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го своето тело. Ако воочите каква било промена на бенките – јавете се кај лекар.
Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние што се издвојуваат или оние што се во пределот на пазувите, половината, градите… Не одбивајте ја оваа процедура, бидејќи оваа постапка е безболна и не остава траги на кожата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...