Фудбалерот Вејн Руни е познат по тоа дека сака забави, алкохол и згодни жени, а не е тајна дека неговата сопруга Колин тоа сè потешко го поднесува.
Откако пред две години беше уапсен пијан зад воланот во друштво на друга жена, сопругата едвај му го прости неверството, а Руни ѝ „заблагодари“ со тоа што во февруари се појави вест дека цел викенд го поминал пиејќи и во друштво на девојка. Колин тогаш сериозно му се закани со развод, но се чини дека ни тоа не му помогнало на Руни да се „смири“.
Откако пред две години го преживеа скандалот кога беше уловен како пијан вози автомобил со непозната жена на совозачкото мeсто, вчеравечер му се случи слична ситуација.
Британскиот „Сан“ објави фотографии на кои се гледа како Руни ја завршува вечерта по осум часа пиење рум кола во два клуба.
По пијанката, тој е снимен во 5:30 во хотел како влегува во лифтот со непозната бринета.
Во текот на вечерта, Руни танцувал и се забавувал со бринетата, за потоа и да заврши со неа во хотел.
На фотографиите се гледа како со рум кола во рацете прегрнува непозната бринета, најпрво во два клуба во кои ги снимиле, за потоа со неа да влезе во автомобил. По извесно време папараците го уловиле како со друга бринета влегува во лифт во хотелот во кој отседнале.
Инаку Руни е во брак со Колин од 2008 и заедно имаат четири деца.
Само неколку часа по објавувањето на фотографиите, Колин е снимена во шопинг без прстен на раката, за потоа да ја воочат на аеродромот. Наводно ја збеснало неодговорното однесување на сопругот додека таа дома внимава на нивните четири деца.
FOTO: Printskrin/Instagram