Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе, кој беше повреден во натпреварот од 3.коло од шампионатот на Франција со Тулуз (4:0), ќе отсуствува од терените од три недели до еден месец, пренесува „Ле Паризиен“.
Напаѓачот беше заменет во 66. минута поради повреда на задниот дел од бутот.
Според изворот, Мбапе има руптура на бутниот мускул.
Исто така на натпреварот со Тулуз повредени беа Единсон Кавании и Абиб Диало.
ФОТО: EPA / SEDAT SUNA