Вкупно 1.893 случаи со мали сипаници во целата држава се регистрирани од почетокот на епидемијата, што претставува најголема бројка во изминатите 20 години. Крајот на епидемијата од морбили ќе биде прогласен, кога двапати по 12 дена нема да има пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници, соопштуваат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека родителите ги послушале препораките на Министерството за здравство и ја препознале важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина.
Од опфат од 89 отсто пред епидемијата со морбили, како што Плусинфо веќе објави, сега опфатот во Скопје изнесува над 99 отсто. Препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто.
Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст, со што опфатот со МРП вакцинација во целата држава изнесува 98 отсто.
Во Центрите за јавно здравје, дополнително се дадени вкупно 6.189 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица постари од 14 години.
Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.