На платото кај Пензионерскиот дом во Штип ќе никне фонтана

119

Интензивно се уредува платото кај Пензионерскиот дом во центарот на Штип, а кое е во непосредна близина на Градскиот плоштад „Слобода“ и е едно од најфреквентните места за пешаците.

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните активности кај платото, каде што екипи на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на старата подна површина заменувајќи ја со бехатон, за подобар лик на централното градско подрачје и полесно движење на граѓаните.

– Во овој дел ќе се изгради нова, модерна фонтана којашто посебно ќе даде нов квалитет на овој централен дел на нашиот град – изјави градоначалникот Бочварски.

Претходно ЈП „Исар“-Штип направи реконструкција на 20 метри од канализациска линија, која подолг период правеше проблем за станарите и водоводна линија во должина од 60 метри. Вкупната инвестиција за овој проект во централниот дел на градот чини 2,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...