Елизабета Втора се пожали од Трамп: Неговиот хеликоптер ми го уништи тревникот!

Тревникот е важен елемент на англиската градина и оваа земја има долгогодишна традиција на одржување на тревникот.

566

Британската кралица Елизабета Втора на шега се пожалила дека хеликоптерот на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го уништил тревникот пред Бакингемската палата за време на неговата последна посета на Велика Британија.

„Само погледнете го мојот тревник. Уништен е“, му се пожалила кралицата на премиерот на Австралија, Скот Морисон, а пренесуваат блиски извори.

Трамп на почетокот на јуни бил во официјална посета на Велика Британија. Хеликоптерите на американскиот претседател двапати слетале во близина на палатата, оставајќи длабоки траги на тревникот.

Тревникот е важен елемент на англиската градина и оваа земја има долгогодишна традиција на одржување на тревникот. Кралицата посебно е чувствителна на тоа.

Посетата на Трамп во Лондон донела многу контроверзи. Десетина илјади граѓани на Велика Британија излегле на улични протести против него.

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...