Околу 3.000 голи велосипедисти се возеле низ улиците на Филаделфија за да, помеѓу останатото, протестираат против зависноста од фосилните горива.
Велосипедистите исто така сакаа да ја промовираат позитивната слика и да ја поттикнат заложбата за безбедност на велосипедистите.
Некои велосипедисти ја носеле само својата долна облека, други биле целосно разголени, а некои си ги ишарале телата со бои, пренесува „Фокс 29 њуз“.
Тие возеле околу 16 километри низ централните градски улици и градските знаменитости, како што е Домот за независност, во која е донесена Декларацијата за независност на САД во 18.век.